Германските цариници во шок: Шверцувале 600 кг сувомеснато од Западен Балкан


 

Германските цариници во Штудгарт при претрес на два автобуса кои стигнале во земјата од Западен Балкан заплениле околу 600 кг сувомеснати производи.

Сувомеснатата стока, која немала потребни сертификати, била спакувана во патни торби, а на оние кои ја пренесувале им следува казна поради внесување франа во земјата без дозволи, пренесе 24sata.hr, по пишувањето на магазинот „Феникс“.

Шверцерите за храната ќе мора да ги платат сите трошоци, меѓу кои и уништувањето на стоката.

„Целта на забраната за увоз на храна без сертификати е спречување ширење опасни болести од животни, како африканска свинска чума“, рече портпаролот на Главната царинска канцеларија Томас Семан.

„Такви месни производи може да носат многу заразни патогени и да доведат до опасно ѓирење на епидемија во Германија“, додаде шефот н ветеринарната станица во округот Ешлинген Кристијан Макрварт.

Инаку, потсетува магазинот, царината на аеродромот во Штудгарт секоја годиназапленува повеќе од четири тони храна која шверцерите се обидуваат без дозвола да ја увезат во Германија.