Германскиот шеф на тајната служба бил во Киев, изненаден од инвазијата, и денеска бил итно евакуиран

Претседателот на германската Федерална разузнавачка служба (БНД), Бруно Кал, мораше набрзина да биде евакуиран од Киев откако рускиот напад врз Украина, наводно, го изненадил.
Според германскиот медиум „Фокус“, Кал отпатувал во главниот град на Украина пред неколку дена за да разговара со неговите украински колеги за информации околу ситуацијата.
Според извештајот, Кал ја пропуштил првата мисија за евакуација на германските дипломати и во петокот бил евакуиран преку специјална единица на БНД.