Германскиот претседател Штајнмаер во превентивен карантин


Германија- Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер денес влегол во карантин, бидејќи еден член на неговото обезбедување бил заразен со коронавирусот, изјави неименуван портпарол на претседателот.

„Федералниот претседател (на Германија) денес влезе во карантин, бидејќи еден од неговите телохранители беше заразен со вирусот“, изјави за Франс прес портпаролот на Штајнмаер

Заразеното лице припаѓа на командата на Генералниот директорат на криминалистичката полиција и е во директен контакт со Штајнмаер, кој има 64 години.

Германскиот претседател беше тестиран за вирусот и отиде во карантин во очекување на резултатите.

Како претпазливост, германската канцеларка Ангела Меркел исто така беше ставена во карантин речиси две недели на крајот на март, откако беше во контакт со лекар кој бил заразен со корона.

За време на карантинот, Меркел направи три теста за вирусот и сите беа негативни.