Германскиот филм „Голи меѓу волците” вечерва во Кинотека


Гете-институт Скопје, вечерва во Кинотека на Северна Македонија, организира прикажување на третиот од серијата германски филмови на тема „​солидарност“ – „Голи меѓу волци“ на режисерот Франк Бајер.

Како што информираат од Кинотеката, ова е првиот германски филм, којшто ја разработува темата за животот и смртта во еден концентрационен логор, раскажува за организираниот отпор на политичките затвореници во концентрациониот логор Бухенвалд. Кога еден затвореник шверцува дете во логорот, мажите се соочуваат со прашањето, уште колку други лица ќе бидат загрозени по животот на детето.

Филмот е базиран на вистинска приказна.