Германскиот амбасадор му ја врачи Хесенската награда за мир на Заев


Амбасадорот на Германија, Томас Герберих, денеска му ја врачи на претседателот на СДСМ, Зоран Заев,  Хесенската награда за мир од страна на Фондацијата „Алберт Освалд“ од германската покраина Хесе. Освен Заев добитник на гоинашнава награда е и поранешниот премиер на Грција и лидерот на партијата Сириза, Алексис Ципрас.

СДСМ соопшти дека амбасадорот Герберих изјавил дека наградата се доделува за достигнувањата што Заев и Ципрас заедно ги оствариле решавајќи долгогодишно отворено прашање со што испратија силен позитивен сигнал во регионот но и во Европа.
Заев се заблагодари за наградата истакнувајќи го нејзиното значење и изразил уверување дека соработката со стратешкиот партнер и наш силен поддржувач Германија, ќе продолжи и во иднина.

На средбата било разговарано за повеќе актуелни состојби како последната ратификација на Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО од страна на Шпанија, процесот на реформи, но и ситуацијата со коронавирусот во државата и во Европа.