Германски контингент од 18 тенкови Леопард предаден на Украинците


Германија – Контингент од 18 борбени тенкови од типот „Леопард 2“, кои Германија вети дека ќе ги испрати во Киев за да ја поддржи Украина во војната против Русија, е предаден на украинската граница, објави денеска Шпигел, повикувајќи се на неименувани извори.

Според медиумот, на Украина и се предадени и околу 40 пешадиски борбени возила од типот Мардер.

На 25 јануари германската влада одобри испраќање тенкови „Леопард 2“ во Украина, како и нивен повторен извоз од земјите партнери.

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус по таа одлука изјави дека тенковите ќе бидат испорачани пред крајот на март.