Германски Хановер без топла вода заради кризата со рускиот гас
Германскиот град Хановер го исклучи греењето, а сите тушеви во јавните згради сега имаат студена вода. Причина за тоа е кризата со рускиот гас.
Хановер е првиот поголем град кој ја исклучи топлата вода откако Русија драматично ја намали доставата на гас, пишува Би-би-си.
На Германците им е речено да очекуваат мерки за намалување на гасот и дополнителна накнада на сметките за енергија. Исто така, ЕУ се согласи да ја намали побарувачката на руски гас оваа зима за 15 отсто.
Во настојувањето да заштеди енергија Хановер одлучи топлата вода повеќе да не биде достапна за миење раце во јавните згради или под тушевите на базените, во спортските сали и теретаните. Заради затеда на енергија се гасат и јавните фонтани.
Јавните згради нема да имаат греење од април до септември
Градоначалникот на Белит Онај рече дека целта е да се намали потрошувачката на енергија во градот за 15 отсто како реакција на непосредното немање гас кој претставува значителен предизвик за големите градови.
Правилата важат и за греењето. Јавните згради нема да имаат греење од април до крајот на септември секоја година, а собната температура ќе биде ограничена на максимум 20°C во остатокот од годината со некои исклучоци.
Градот забрани и преносни климатизациски уреди, греалки и радијатори. Политиката на градое е во согласност со најавите од Берлин минатата недела, додега Германија трча кон снабдување на резервите пред зимата. Други градови како Аугсбург во Баварија веќе воведоа свои мерки како гасење на јавните фонтани.
Целта е намалување на потрошувачката ма енергија за 15 отсто во Хановер, што е цел и на ЕУ, за толку да се намали зависноста од руски гас.