Германски епидемиолог: Пандемијата допрва почнува


Кристијан Дростен, водечки германски епидемиолог, во својот говор на Светскиот здравствен собир во берлин предупреди дека Германија прерано славела успех во корона кризата.

„За да ја надвладееме ситуацијата, во следните месеци мора да промениме некои работи. Пандемијата всушност сега ќе почне. И во Германија“, изјави Дростен и нагласи дека корона вирусот не е научен феномен, туку природна катастрофа.

„Не мислам дека Германија е подготвена за следните неколку месеци со корона вирсуот“, вели Дростен за „Дер шпигел“.

Минхен од вчера значително ги заостри мерките против корона вирусот. Во угостителските објекти и јавните простори дозволено е собирање само на пет лица или членови од две домаќинства. Приватните прослави на затворено не смеат да бидат поголеми од 25 гости, а до 50 на отворено.

На некои јавни површини во Минхен, исто така е задолжително носење заштитни маски, а се работи за популарни места за собирање во главниот град на Баварија, како Мериенплац, Сендлинген штрасе и слични локации.

Построгите мерки треба да траат само седум дена.