Германски државјанин го веел знамето на „Голема Албанија“
По едномесечна истрага полицијата откри кој го вееше знамето на „Голема Албанија“ за време на посетата на косовскиот премиер Албин Курти на Тетово на 11 август. Според МВР, знамето го веел А.М. (21), кој е германски државјанин.
Во координација со Основното јавно обвинителство – Тетово, против лицето ќе биде поднесена кривична пријава по член 319 од Кривичниот законик до надлежното обвинителство за натамошно постапување.
Овој инцидент предизвика остри реакции во македонската јавност, но и во Србија.