Германската СПД избра кандидат за канцелар кој наликува на Меркел


Кандидатот е паргматичниот поранешен градоначалник на Хамбург и сегашен министер за финансии Олаф Шолц (Фото: ЕПА)

 

Социјалдемократите во Германија го испукаа стартниот пиштол во трката кој да ја замени Ангела Меркел како канцелар, најавувајќи го прагматичкиот министер за финансии, Олаф Шолц, за свој кандидат за таа функција.

Еден од двата столба на демократијата на 20-от век во Германија, Социјалдемократската партија (СПД) ја губи својата поддршка од влегувањето во владата на Меркел како помлад коалициски партнер во 2013 година. Таа е на третото место во анкетите зад Христијанско демократската унија (ЦДУ) и Зелените, со околу 14 отсто од гласовите.

Федералните избори следната година ќе бидат први по Втората светска војна во кои актуелниот канцелар нема да се кандидира за највисокото место, со што централно-левичарската партија се надева дека сите би можеле да се натпреваруваат доколку го понудат вистинскиот кандидат.

Шолц, поранешен градоначалник на вториот по големина град во Германија, Хамбург, изненадувачки го загуби минатогодишниот натпревар да биде на чело на својата партија, но сега ја обезбеди поддршката на повеќе левото раководно дуо на СПД, Норберт Валтер-Борјанс и Саскија Есен, да ја води партијата на следните есенски избори.

Шолц (62) познат по прекарот „Шолцомат“ поради неговото монотоно говорење, ужива висок рејтинг на одобрување уште од преземањето на Министерството за финансии во 2018 година, а неговата популарност се зголеми уште повеќе за време на пандемијата Ковид-19.

Поранешниот лидер на Јусу, младинското крило на СПД, е фигура што дели во партијата, каде многумина го обвинуваат дека нема храброст да ги гони банките кои се вмешани во шемата за даночни измами.

Поддржувачите велат дека Шолц имал клучна улога во обликувањето на планот за обновување на Ковид-19 од 750 милијарди евра, што вклучуваше историски прекин на посветеноста на Германија за балансирани буџети.

Поздравувајќи го Шолц како „одлучувачки и искусен“ и „храбар дури и во криза“, соопштението за печатот во кое се објавува неговата кандидатура остави мало сомневање дека СПД ќе застане зад својот кандидат кој гарантира подобра шанса за континуитет на стабилната ера на Меркел.

Поради пандемијата, ЦДУ го одложи до декември партискиот конгрес на кој ќе се одлучува за идното раководство на партијата, а со тоа и веројатниот кандидат што ќе ја води партијата на изборите следната година.

Партијата на Зелените, која моментно е втора во анкетите со околу 19 проценти од гласовите, најверојатно ќе истакне официјален кандидат за канцелар за прв пат во својата историја. (Според агенциите)