Германската полиција соопшти дека извршила рации во станови и канцеларии во врска со нападот во Виена


Германските безбедносни сили почнаа претреси во три германски држави во врска со нападот во Виена претходно оваа недела, објави утрово на Твитер Федералната канцеларија за криминалистичка полиција (БКА.

Канцелариите и домовите на четири лица во Долна Саксонија, Хесе и Шлезвиг Холштајн се претресени од безбедносните сили и полицијата, соопшти БКА.

Четирите лица не се осомничени за каква било вмешаност во самиот напад, но се смета дека имаат врски со осомничениот напаѓач.

Според портпаролката на БКА, операцијата утрово сè уште трае.

БКА додава дека налозите за претрес биле вчера откако австриското правосудство им ги предало релевантните информации на германските власти.