Германската министерка за одбрана пред оставка поради ужасниот пи-ар


 

Германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт може да поднесе оставка следната недела, според извештаите во неколку германски медиуми, по серијата гафови што го нарушија нејзиниот кредибилитет.

Од почетокот на војната во Украина, стилот на лидерство на Ламбрехт е на удар, особено поради неуспехот да се спроведе зголемување на воените трошоци што ги вети канцеларот Олаф Шолц и покрај создавањето на инвестициски фонд од 100 милијарди евра за Бундесверот, германските вооружени силите. Kритиките се зголемуваат поради откритијата дека храброто ветување на Германија дека ќе инвестира „отсега па натаму, од година во година“ најмалку 2 отсто од нејзиното економско производство во одбраната било ставено на мирување, што ја прави земјата да заостанува во НАТО.

Сега Берлин е соочен со дилемата дали да испрати борбени тенкови во Украина. Ламбрехт е во средината на дебатата за снабдување со модерни, западни тенкови за Киев.

Непријатното видео објавено на социјалните мрежи на новогодишната ноќ веројатно беше пресвртната точка за германската министерка за одбрана, што ги натера дури и блиските сојузници во нејзината Социјалдемократската партија да се оддалечат од неа. Стоејќи наспроти позадината на берлинскиот огномет, Ламбрехт спомна дека војната е „поврзана со многу посебни впечатоци“ и „многу многу средби со интересни, посебни луѓе“.

Портпаролот на германската влада во петокот вечерта ги нарече извештаите „гласини“, според извештаите на медиумите.