Германската министерка Бербок ја одложи планираната посета на Лондон поради лошите временски услови


 Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок ја одложи планираната посета на Лондон поради нагло влошување на времето во Ирска, јави ДПА.

Бербок денеска требаше да полета од Даблин до британската престолнина за да се сретне со својот колега Џејмс Клеверли.

Разговорите меѓу двајцата министри би се одвивале во рамките на Стратешкиот дијалог меѓу Велика Британија и Германија, договорен кон средината на минатата година. Предвидените теми не ја вклучуваат само ситуацијата во Украина, туку и образовната размена меѓу двете земји по „Брегзит“.