Германската царина заплени 4,5 тони кокаин


Илустрација

Германските царински власти објавија денеска дека заплениле 4,5 тони кокаин во контејнер од Уругвај, со проценета улична вредност од речиси една милијарда евра.

Царинската испостава Хамбург соопшти дека дрогата е запленета пред две недели кога бил проверен контејнер што од Монтевидео до Антверпен во Белгија.

Во документите се наведува дека контејнерот бил исполнет со соја, но царинските службеници виделе црни спортски торби кога ги отвориле.

Тие пронашле повеќе од 4.200 пакувања кокаин во 211 кеси.

Тоа е најголемата заплена на кокаин во Германија досега.