Германија е лидер во глобалната трка за вакцина против Ковид-19


Германија– Германската фармацевтска компанија „КјурВек“ („CureVac“) доби одобрение за клиничко тестирање на својата вакцина против коронавирус.

Надлежниот Институт Пол Ерлих (ПЕИ) издаде одобрение за тестирање на волонтери.

Кон крајот на април, германската компанија „Бионтех“ доби одобрение за клиничко тестирање на своите вакцини.

„КјурВек“ работи на таканаречена mRNK вакцина, која ги поттикнува човечките клетки, по вакцинирањето, да создаваат протеин што би го отфрлил коронавирусот.

Пред-истражувањата, како што е истакнато, се успешни.

Со тоа, Германија е меѓу лидерите во глобалната трка за вакцината против Ковид-19.