Германската амбасада соопшти дека официјален Берлин обезбедил нова помош за Македонија за да се справи со пандемијара.
-Секаде во Европа се справуваме со корона пандемијата, а притоа европската солидарност е од големо значење. Сé додека не се безбедни сите, не е безбеден никој од нас.Од тие причини Германија ја поддржува Република Северна Македонија во борбата против корона пандемијата. Во рамките на нејзината поддршка за земјите од Западен Балкан денес во Министерството за здравство беа предадени 84 респираторни машини и 100 пулс оксиметри со вкупна вредност од 878.768,- евра.
Донацијата се реализираше благодарение на одличната соработка меѓу Владите на
Германија и Северна Македонија и во партнерство со канцеларијата на Светската
здравствена организација во Скопје, стпи во соопштението на германската амбасада.