Германката Хелга Шмид предложена за главната функција во ОБСЕ


Хелга Шмид мометно е на позицијата заменик-шеф на европската дипломатија

 

Хелга Шмид, заменик-шеф за надворешна политика на ЕУ, беше предложена од германската влада како кандидат да стане генерален секретар на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во декември.

Шмид, која од 2016 година е генерален секретар на Европската служба за надворешна акција (ЕЕАС) и заменик на шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, треба да ја напушти својата позиција оваа есен кога ќе ѝ истече четиригодишниот мандат.

Во средата, германската влада ја номинираше да го предводи ОБСЕ, организација со седиште во Виена, која ја следи контролата на оружјето, човековите права и слободата на печатот, а исто така се обидува да ги намали тензиите во кризните зони како што е источна Украина, каде што има набљудувачка мисија од 2014 година.

„Хелга Шмид е многу соодветен кандидат за функцијата генерален секретар на ОБСЕ: со нејзиното долгогодишно искуство во раководењето, нејзините извонредни преговарачки вештини и енергичните придонеси во спречувањето на меѓународната криза, таа формираше мултилатерална акција во Европа – и подалеку – со години“, рече германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас, додавајќи дека Шмид „ќе биде голема придобивка за ОБСЕ и за паневропската соработка“.

Водачките места на ОБСЕ – вклучително генералниот секретар, како и офицерите кои се занимаваат со човекови права, национални малцинства и слобода на печатот – се празни од јули кога 57-те земји членки на ОБСЕ не постигнаа договор за продолжување на мандатот на претходното раководство. Новите кандидати за сите четири позиции се очекува да бидат именувани на состанокот на ОБСЕ во Тирана, Албанија, на 3 и 4 декември.

Шмид, дипломат од кариера од Баварија, кој работи за ЕЕАС од нејзиното создавање во 2010 година, беше клучна фигура зад иранскиот нуклеарен договор од 2015 година, на кој работеше од почетокот на преговорите во 2003 година, кога беше шеф на кабинет на тогашниот германски министер за надворешни работи Јошка Фишер.

Доколку биде потврдена како генерален секретар на ОБСЕ, Шмид ќе биде првата жена што ќе ја предводи организацијата. Шмид за во јуни за „Политико“ изјави дека е убедена дека „жените се подобри преговарачи“. (Политико)