Германија воведува задолжително тестирање за оние кои се враќаат во земјата


 

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан вели дека ќе биде воведено задолжително тестирање за сите патници кои се враќаат во Германија од високоризична област.

„Имаме првични нацрти. Сакаме добро да се искоордимираме со сите гермаснки покраини, кои мораат да го воведат тоа на сите аеродроми и железнички станици“, рече Шпан, пренесе Ројтерс.

Најави дека задолжителното тестирање ќе почне неделава.