Германија со нови 1.407 заболени од Ковид-19


 

Во Германија во последните 24 часа регистрирани се 1.407 нови случаи на корона вирус, а починаа 12 луѓе.

Вкупниот број случаи на заразени со корона вирус во германија порасна на 261.762, соопшти денеска Институтот за инфективни болести „Роберт Кох“.

Од последиците од Ковид-19 починаа 9.362 лица, пренесе Ројтерс.