Германија се подготвува за „корона претседавање“ со ЕУ


Темата за епидемијата на коронавирусот ќе биде во центарот на дневнот ред на Европската унија кога Германија ќе го преземе ротирачкото претседателство со Советот во втората половина на оваа година. Тоа го напиша во весникот „Велт“ германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас.

Мас изразувамислење за глобалното справување со кризата и ги критикуваше САД за бавно дејствување, а Кина за авторитарен пристап.

„Ќе направиме „корона-претседателство“ за надминување на короната (вирусот) и неговите последици“, напиша Мас во статија во денешниот број на Велт.

Германија го презема претседателството со ЕУ на 1 јули од Хрватска.

Постепеното и координирано намалување на патните бариери ќе биде една од првите задачи „веднаш штом ќе излеземе од шумата“, пишува тој.

ЕУ исто така ќе треба да се научи од кризата и да ја подобри граѓанската заштита и заедничката набавка, како и производството на медицински материјали, вели Мас.

Исто така, неопходно е да се поправат грешките што кризата ги откри, напиша тој, истакнувајќи дека во Европа е недопуштено да има ограничувања за демократијата и владеењето на правото, според неговите зборови, под маската за борба против коронавирусот.