Германија се брани за блокадата на санкциите со SWIFT


то: АФП)

„Можам да разберам – се чувствувам на ист начин – дека емоциите се зголемуваат во овие минути и часови, и дека зборовите како договорот за SWIFT звучат многу остро“, рече германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок по пристигнувањето на вонредниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ. 

„Но, во овие моменти, и покрај се што минува низ нашето тело, низ нашето срце, мораме да бидеме ладни. И сега е важно да воведеме санкции кои се насочени кон рускиот електроенергетски систем и тие да не звучат само големо“, рече Баербок, додавајќи: „Сега презедовме мерки во финансискиот сектор, така што централното економско финансирање повеќе не може да се гарантира“.

Според неа, минатото искуство за блокирањето на  Иран од SWIFT покажало дека тоа подеднакво ги погодува обичните граѓани, па тврдеше дека ЕУ треба да се фокусира на таргетирање на раководството на Русија кое ја води војната против Украина.

Баербок додаде дека ЕУ ќе продолжи да „го разгледува SWIFT за да види како може да го елиминира широкиот ефект [од санкционирањето на обичниот граѓанин] што тој не би требало да го има“.