Германија разби балканска банда


 

Германската полиција утрово покрена акција во Берлин против меѓународна криминална банда која се специјализирала за крумчарење луѓе, во која имало и Македонци.

Претресле 11 објекти и издала налог за апсење на еден Албанец.

Во станот на осомничениот чуварите на редот затекнале четири лица за кои се сомнева дека се прокриумчарени.

Исто така, откриени се повеќе документи, меѓу кои и пасоши, кои ќе бидат проверувани.

Во потрага сме по докази, за да уасиме група осомничени“, велат од полицијата.

Според „Билд“ бандата се состои од членови по потекло од Грција, Северна Македонија, Косово, Албанија, но и од Германија.

Тие претежно патувале со автобус и авиони како туристи во Германија, каде бандата им давала лажни грчки и италијански дозволи за работа.

Од квалитетот на фалсификуваните документи зависела и цената, а позато е дека морале да платат меѓу 5.000 и 9.000 евра по лице.

Воспоставуањето на контакт со бандата течело преку локална туристичка агенција, а бандата во Берлин привремено им ги ставала на располагање своите станови на клиентите.

Од берлин многу прокриучарени луѓе се префрлани во Ирска и Велика Британија каде работеле најчесто како градежни работници.