Германија прв пат воведува карантин на цел регион


 

Германија денеска прв пат најави воведување изолација на цела локална заедница по појавата на корона вирусот во една кланица каде заразени се повеќе од 1.500 работници.

„Ќе воведеме изолација во целиот кантон Гитерслох, кој има околу 360.000 жители“ изјави Армин Лашет кој е на чело на најнаселената германска покраина Северна Рајна Вестфалија, на западот на германија.

Како шт јави АП, тој прецизира дека жителите ќе можат да контактираат само со домашните или дамо со еден човек надвор од домаќинството.

Според него, кината, фитнес-центрите и кафулињата ќе бидат затворени, но рестораните ќе работат и ќе примаат само членови од едно семејство.

повеќе од 1.500 лица се тестирани и потврдени позитивни на корона вирсуот во една кланица, а илјадници се во карантин за да се сопре ширењето на вирусот.