Германија повторно над 4.000 новозаразени: Ја шири листата на ризични


 

Бројот потврдени случаи со корона вирус во Германија се зголеми за 4.058. Сега има 310.144 заболени. Истовремено, проширена е листата на ризични региони.

Од корона вирус починаа упте 16 лица, а од почетокот на пандемијата вкупно умреа 9.578, пренесе Ројтерс.

Во Германија инаку, на сила се строги правила како задолжително носење маска и одржување дистанца.

Денеска Германија повторно ја ажурираше листата на високоризични региони и земји и на неа ги стави цела територија на Грузија, Романија, Тунис и Јордан, како и делови на Словенија, Хрватска, Бугарија, Литванија, Словачка, Унгарија и Холандија.

Истовремено од листата е симнат островот Корзика, соопшти Институтот за заразни болести „Роберт Кох“, пренесе Ројтерс.

На германската црвена листа се шест од 12 словенечки региони, а патниците од тие региони треба да бидат во 14 -дневен карантин по доаѓањето во Германија.

За Германија ризични региони се кога бројот на инфекции со корона вирус ќе надмине 50 на 100.000 жители во текот на седум дена.