Германија поради короната откажува сѐ повеќе божиќни саеми


 

Еден од најголемите божиќни саеми во Германија, оној во минхен, веќе е откажан, а поради наглото влошување на епидемиолошката состојба под прашалник се и останатите.

„Тешко е да се замисли пиење варено вино на божиќен саем додека болниците се на раб на силите и се борат со последните ресурси“, коментира саскиот премиер Михаел Кретшмер кој е во дилема дали треба да се отворат божиќните саеми во моменти кога Германија бележи рекордни бројки на заразени со кроона вирус.

Кретшмер знае што зборува. Саска бележи рекорди меѓу германските покраини, инциденцата се качува и преку 1.000 заразени на 100.000 жители.

Дилема во Дрезден

И во Дрезден владее дилема околу овогодишната судбина на еден од најстарите божични саеми во Германија. Но, одговор на прашањето дали Штризелмаркет, прв пат одржан во 1434 година, ќе биде организиран, е во рацете на граските и општинските власти.

Тие се надеваат дека саемот во Дрезден сепак, ќе се одржи, Со таканареченото правило 2Ге (пристап само за вакцинираните и прележаните) излагачите се надеваат дека ќе привлечат доволно посетители. Иако, стапката на вакцинираност токму во оваа сојузна покраина е на најниско ниво.

Саемот требаше да биде отворен во понеделникот, штандови и куќички веќе се подтавени, околу саемот е поставена оградата. Но, во четврток и петок сојузните и претставници на покраинските власти во Берлин одлучува кои мерки беа воведени за сопирање на експлозија на епидемијата.

Жртви би можеле да бидат и божиќни саеми на кои по правило има голем метеж, а поради константна козумација на храна и пијалоци, речиси е невозможно да се почитува правиолото за носење маски.

Минхен се откажа

„Не може да се опише низ што во моментот минуваме: со ноќи не спиеме поради неизвесната ситуациија“, вели за АФП Карин Ханше , чие семејство веќе 32 години на божиќниот саем во Дрезден продава медењаци.

Приходите од божиќниот саем се 50 отсто од годишниот приход на семејното претпријатие.

„Како развојот на епидемијата и законските промени ќе влијаат на плановите за отворање на саемот, тешко е да се предвиди“, вели Роберт Франке од комуналното во Дрезден.

Минхен е привот град кој се откажа, втора година по ред, од одржување на божичниот саем.

Во Нирнберг, кој како и Минхен се наоѓа во Баварија, сојузна покраина кои е исто меѓу водечките по број на заразени, одлучија да го спасат божичниот саем, ито така меѓу најпознатите и најбогатите в Европа, така што го поделјана неколку помали. Со тоа се надеваат да го намалат метежот.

Проблем е што годинава епидемиолошката ситуација сега е полоша од минатата година кога саемите со ред беа откажувани.

Лотар Вилер, директор на државниот епидемилошки институт „Роберт Кох3 апелира на организаторите и оваа година да се воздржат од саеми.

Важен стопански фактор

Божиќните саеми во Германија имаат голема стопанска важност.

Пред пандемијата, околу 3.000 саеми од мали, квартовски до светски познати, привлекуваа повеќе од 160 милиони посетители и остваруваа пиходи од 3 до 5 милијарди евра.

Но, приходите паѓаа и пред пандемијата, особено по 2016 година и терористичките напади на божиќниот саем во берлин.

Исламистичката закана останува и за идните години, за што придонесе и нападо на божиќниот саем во Стразбур и спречениот напад во Есен.

Но, и покрај тоа Германците и понатаму се веселат на предбожиќните ритуали како пиење варено вино на божиќните саеми.

„Божиќните самеи едноставно се масовен феномен кој тешко се игнорира“, вели културологот Гинтер Хиршфелдер од Регенспург.