Германија: Осуммина Балканци уапсени поради Исламската држава


 Германската полиција уапси осум лица, со потекло од Балканот, под сомнение дека собирале пари за Исламската држава.

Околу 150 специјалци рано утрово упаднаа во седум куќи, кои припаѓаат на едно големо семејство во Оберхаузен.

Уапсени се четири мажи и четири жени, на возраст меѓу 19 и 58 години.

Седум од уапсените лица имаат германски пасош, но потекнуваат од Балканот, додека еден од нив е државјанин на Босна и Херцеговина.

Портпаролот на полицијата Урлих Васбендер изјави дека членовите на семејството се осомничени оти долго време собирале пари за Исламската држава и на тој начин ја поддржуваат борбата на терористите.

Полицијата нема навестувања дека планирале напад.