Германија ќе го преполови бројот на работници од Западен Балкан

Вчера претседателот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) Фридрих Мерц и веројатен иден германски канцелар во Берлин го претстави коалицискиот договор на идната влада и порача дека договорот е силен сигнал за Германија и за Европската Унија.
Миграциската политика е една од клучните теми во земјата заради финансискиот товар врз општините и министерството за социјала. Според коалициската спогодба, интеграцијата на шесте земји од Западен Балкан, како и на Украина и Молдавија, во ЕУ се смета за заемен стратешки интерес. Поради тоа, Берлинскиот процес, иницијатива на поранешната канцеларка Меркел, останува активен како платформа за земјите од регионот и јасна и одржлива перспектива за интеграција и членство во ЕУ.