Германија ја продолжи граничната контрола до 15 мај


Фото: Б. Грданоски

Германскиот министер за внатрешни работи, Хорст Зехофер ја продолжи контролата на германските граници до средина на мај, поради пандемијата со новиот коронавирус.

Контролата на границите во Германија беше воведена во март, а е продолжена до 15 мај.Од германското Министерство за внатрешни работи соопштија дека целта е да се продолжи успешно да се контролира ширење на Ковид-19, бидејќи на тој начин се прекинува ланецот на зараза.Прекуграничниот сообраќај на стока, како и преминувањето граница за луѓе кои работат од другата страна на границата се уште е можен.Прекуграничното патување во одредени случаи е можно, доколку има важна причина.