Германија го пријави првиот случај на новиот вид коронавирус кој се шири во Велика Британија

Германија– Новиот вид на пандемичниот САРС-КоВ-2 коронавирус, која брзо се шири во Велика Британија, за првпат е регистриран и во Германија, соопшти синоќа германската држава Баден-Виртемберг.

Заразениот маж пристигнал во Франкфурт со авион од лондонскиот аеродром Хитроу на 20 декември за да посети роднини и бил позитивен на тестот кој го направил по пристигнувањето.

Понатамошната анализа на примерокот во лабораторија во Берлин покажала дека станува збор за Б. 1.1.7, како што е познат новиот вид. Ова се наведува во соопштение на здравствениот оддел на државата Баден-Виртемберг.

Три лица кои биле во близок контакт со заразениот се во карантин.