Германија го презема управувањето со поранешна подружница на „Гаспром“


 

Германија го презема управувањето со гасната компанија „Securing Energy for Europe“ (СЕФЕ), што порано беше подружница на руската компанија „Гаспром“, наведувајќи го како причина претстојниот банкрот што може да го наруши снабдувањето со енергија на Германија, јави ДПА.

Во денешното соопштение Министерството за економија го оправда ваквиот потег со претстојната несолвентност на СЕФЕ, која, додаде, ќе ја загрози безбедноста на снабдувањето со гас во Германија.

„Со цел да се избегне оваа опасност и да се одржи оперативниот бизнис на СЕФЕ, со промената на сопственоста компанијата се стабилизира“, се наведува во соопштението, пренесе ДПА

Министерството нагласува дека СЕФЕ, или порашен „Гаспром Германија ГмбХ“, од април годинава е управана од Федералната мрежна агенција.

Министерството соопшти дека поранешните сопственици ќе бидат обештетени, но истакна дека „овој процес на компензација сè уште не е завршен“, пренесе германската агенција.