Германија го намалува корпоративниот данок


Владејачката коалиција во Германија по неколкунеделни дискусии донесе одлука за намалување на даноците за корпорациите во вредност од седум милијарди евра.

Претходните обиди за усвојување на такви мерки, кои беа именувани како Закон за можности за раст, не беа успешни поради противењето на министерката за семејство од редовите на Зелените, Лиза Паус.

Таа побарала дополнителни 12 милијарди евра за новиот проект за детски додатоци, пренесува Танјуг.

Пакетот беше усвоен за периодот од следните четири години.

Според нацрт-законот, во првата година тој ќе предизвика пад на даночните приходи од 2,6 милијарди евра за сојузната влада, 2,5 милијарди евра за владите на сојузните покраини и 1,9 милијарди евра за општините.