Германија ги предупредува граѓаните да не патуваат во повеќе региони на 11 европски земји, меѓу кои нови се Чешка, Франција и Португалија


Германија– Германија стави поголем број региони од 11 европски земји на списокот на ризични области за патување поради зголемувањето на бројот на заболени од коронавирус и ги предупреди своите граѓани да не патуваат во нив.

Нови на денеска објавениот список се неколку региони од Чешка, Франција и Португалија, пренесуваат британските медиуми.

Според германското Министерство за надворешни работи, германските граѓани се предупредуваат да не патуваат во Чешка, освен во регионите на Устечки и Моравија-Шлезија, во француските региони на Централната долина на Лоара, Бретања и Нормандија и поширокиот регион на португалска престолнина Лисабон.

Германија предупредува на опасноста од патување во областите каде бројот на заболени неделно надминува 50 на 100.000 жители.

Големи делови на Франција, вклучително и Париз, се ставени на списокот на области што треба да се одбегнуваат за патување.