Германија бара брзо интегрирање на Западен Балкан во ЕУ


Петмина германскојазични министри се на состанок во Салцбург, Австрија

 

Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, денеска цврсто се заложи за членство на Западен Балкан во ЕУ за време на состанокот на петте министри за надворешни работи од германското јазично подрачје во во Салцбург, Австрија.

„Сега е моментот кога треба да постигнеме одлучувачки резултати“, рече Бербок во четвртокот, цитирана од новинската агенција ДПА.

На редовниот годишен состанок присуствуваат шефоците на дипломатиите на Германија, Австрија, Луксембург, Швајцарија и Лихтенштајн.

Шесте земји од Југоисточна Европа 20 години чекаат ЕУ да ги исполни своите ветувања. Би било фатално за демократијата и иднината во овие земји доколку помладата генерација си замине разочарана, додава агенцијата.

Членството е најважната геостратешка алатка на ЕУ, изјави австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг. „Крајно време е да се помине овој геостратешки тест“, додаде тој. Според Шаленберг, нема вакуум во политиката. „Или ќе можеме цврсто да го закотвиме нашиот начин на живот таму, или ќе се соочиме со поинаков начин на живот, било да е тоа кинески, турски, руско или од кое било друго потекло.“

Во моментов, Црна Гора, Србија, Македонија и Албанија во различна фаза ги водат преговорите со ЕУ. Босна и Херцеговина е земја кандидат. Косово е можен кандидат.