Германецот Либман е нов светски рекордер на 1.500 метри слободно
Германскиот пливач Јоханес Либман е новиот светски и европски рекордер на 1.500 метри слободно откако попладнево на Европското првенство во Париз го собори рекордот на Американецот Боби Финки за 3.88 секунди поставен на Олимписките игри во Париз. Тој на убедлив начин стигна до златниот медал откако во текот на целата трка беше лидер и постигна време 14:26.79 минути. Среброто му припадна на Жалан Саркањи од Унгарија, а бронзата на Оливер Клемент од Германија. За Либман oва беше второ злато на шампионатот откако победи и во трката на 800 метри слободно.
Французинот Леон Маршан го освои првото место на 200 метри пеперутка со време – 1:51.72 минута, пред Ричард Мартон од Унгарија и Гркот Апостолос Сискос.
На 50 метри градно кај мажите европски првак стана Николо Мартинеги од Италија со време – 26.57 секунди, додека второтo место им припадна на двајца пливачи кои имаа исто време 26,62 секунди Коен де Грут од Холандија и Симоне Керсуоло од Италија.
Во женска конкуренција на 50 метри слободно најбрза беше Катарина Вашик од Полска со резултат – 23.84 секунди, пред Сара Сјостром од Шведска и Сара Куртис од Италија.
На 100 метри грбно златниот медал со европски рекорд и рекорд на првенствата и припадна на Французинката Мари-Амбре Молу со време 57.94 секунди. Среброто и припадна на Марит Стенберген од Холандија, а бронзата на Французинката Полин Мау.
Елен Волш од Ирска победи во трката на 200 метри мешано со време – 2:09.81 минути, пред Анита Гасталди од Италија и Рос Ванотредијк од Холандија.
Првото место во штафетната трка 4 × 200 метри слободоно (мешана штафета) им припадна на пливачите на Велика Британија во состав Џек мек Милан, Метју Ричардс, Фреја Колберт и Фреја Андерсон со време на европските првенства – 7:24.13 минути, пред штафетите на Германија и Независните спортисти.