Германците стравуваат од нови бранови на коронавирусот во 2021 година
Германија – Повеќето Германци не очекуваат пандемијата на коронавирусот да стивне следната година, покажува истражувањето на јавното мислење на „Ерго осигурување“.
Шеесет отсто од испитаниците очекуваат нови бранови на инфекција со вирусот во текот на 2021 година. Само 18 проценти се со став дека нема да има нови бранови следната година.
Четириесет и еден процент од Германците се гледаат себеси како членови на ризична група – најмалку кај младите под 30 години кои сметаат дека се дел од ризичната група (11 проценти), и 75 проценти од оние над 60 години.
Истражувањето покажа дека Германците се многу дисциплинирани, бидејќи 91 отсто тврдат дека се почитуваат мерките за спречување на инфекција.
Најголемиот страв имаат за корона-кризата – 23 отсто од Германците. Потоа следи стравот од поделба во општеството (20 проценти), болест на роднините (18 проценти).