Германците плаќаат 41 отсто повеќе за струја, греење и гориво отколку пред три години


Германските граѓани денеска плаќаат 41 отсто повеќе за струја, греење и гориво отколку во февруари 2021 година, објави весникот „Берлинер моргенпост“, повикувајќи се на студија на порталот „Веривокс“.

Во извештајот се наведува дека според пресметката, тричлено семејство годишно троши 20.000 киловати енергија за греење, 4.000 киловати струја и поминува 13.300 километри. Такво семејство за енергија и гориво во февруари 2021 година платило 3.772 евра, а денеска за истите сметки треба да издвојат 5.306 евра.

Европската унија се соочува со инфлација и енергетска криза како дел од глобалната економска рецесија по пандемијата. Ситуацијата дополнително се влоши со војната во Украина и западните санкции против Москва, што доведе до прекини во синџирите на снабдување и скок на цените на енергијата ширум светот.