Германците не и веруваат на Фон дер Лејен
Германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лејен, која е именувана за претседателка на Европска комисија, нема доверба кај Германците, покажуваат резултатите од анкетата на државната телевизија АРД.
Дури 56 отсто од Германците изјавиле дека Фон дер Лејен нема добро да раководи со ЕК, а само 33 проценти оцениле дека политичарката од владејачката Христијанско-демократска унија (ЦДУ) е способна за водење на европската влада.
Се уште е неизвесно дали Европскиот парламент на 16 јули ќе обезбеди мнозинство за именување на Фон дер Лејен.