Герасимовски: Независноста е аманет од нашите предци, должност е да ја чуваме и развиваме Македонија


Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар (Фото: Б. Богдановска)
 
 
Градоначалникот Горан Герасимовски упатува честитка до сите граѓани по повод 34 години од прогласувањето на незавноста на Македонија. 
 
„На денешен ден, 8 Септември, со гордост се потсетуваме на историската одлука на нашиот народ, да зачекори на патот на слободата и самостојноста, да ја зацврсти својата државност и да ја испише најсветлата страница во современата историја на Македонија.

Овој ден е потсетник дека независноста е вечен аманет од нашите предци, наше е да ја чуваме татковината, да ја развиваме државата и да ја предаваме посилна и поуспешна на идните генерации.

 
Во време на предизвици, потребни ни се сплотеност, солидарност и меѓусебно разбирање. Само така можеме да изградиме општество во кое ќе владеат доверба, еднаквост и почит, држава во која секој граѓанин ќе се чувствува достоинствено и сигурно.

Да продолжиме заеднички да го остваруваме сонот на генерациите пред нас – Македонија како современа, праведна и европска држава.