Герасимовски најави нови проекти: Дом за стари лица и еднократна парична помош од 5000 денари за пензионерите

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, вчера прес-конференција најави низа нови проекти кои, како што рече, ќе бидат реализирани од следната година и се во интерес на граѓаните.
Центар ќе добие дом за стари лица, во којшто највозрасните ќе можат да домуваат по субвенционирана цена, од 200 евра месечно.
„Локациите се определени, моделот е поставен, се планира, со поддршка на граѓаните, почеток на изградбата следната година. Двојно ќе ја зголемиме еднократната финансиска поддршка за пензионерите, од 2.500 на 5.000 денари, за да го зголемиме нивниот стандард“, истакна Герасимовски.
Тој информираше дека од 2026 година ќе бидат воведени бесплатни оброци за учениците од 1 до 4 одделение, а за учениците од 5 до 9 одделение се воведува задолжителна и бесплатна екскурзија под мотото „Ја сакаме Македонија“.
Герасимовски, потенцираше дека за првпат ќе биде воведено двосменско работење во градинките до 22 часот на барање на граѓаните, за целосна поддршка на родителите и нивните дечиња.
Меѓу најавените проекти е и набавка на нов еколошки автобус преку ПОЦ, кој бесплатно ќе ги вози граѓаните на Центар до Водно, Матка, Катланово и до центарските пазари и чаршија.