Георгиески: Се отстранува нелегално изградениот ѕид во „Градиште“

Почнаа активностите за отстранување на нелегално изградениот ѕид во авто-кампот „Градиште“, соопшти на Фејсбук градоначалникот на општина Охрид Константин Георгиески.

Тој информира дека градежен, комунален инспектор и инспектор за животна средина, утрово, извршиле увид по што било констатирано дека изведувачот нема постапено согласно издаденото решение за отстранување.

– Согласно тоа, денеска започнаа активностите за отстранување на нелегално изградениот ѕид, додава Георгиески на ФБ.