Георги Господинов : Пишувањето е како риболов – како онаа мрежа со која сакате да уловите риба

„Бугарскиот Џорџ Орвел“ живее на различни места, каде и да го однесат книгите. Тој не е патриот, тој е љубител на хуманоста, чистите, голите вредности и литературата што снима - сè


По фантастичниот меѓународен успех со романот „Засолниште во времето“ кој годинава ја доби престижната меѓународна Букерова награда,  како и по многуте гостувања и промоции ширум Европа, реномираниот бугарски писател, поет и драматург Георги Господинов (1968) лани, во декември, дојде и во Скопје. За промоцијата на книгата која  излезе во превод и на македонски, во издание на „Или-Или“ во кино „Фросина“ дојдоа многу гости и почитувачи на неговото дело, зашто неговите романи од преводната литература се меѓу најчитаните во Македонија. 

„Бугарскиот Џорџ Орвел“, како што Господинов го нарече британскиот весник „Тајмс“, е најпреведуваниот бугарски современ писател, чии книги досега се преведени на повеќе од дваесетина јазици. На македонски се објавени: „Природен роман“(Темплум, Или-Или), „И други приказни“ (Темплум), збирката песни „Балади и распади“ (Блесок), како и неговиот најуспешен роман, „Физика на тагата“ (Или-Или, 2015) , и збирките раскази „И сè стана месечина“ (Или-Или, 2017) , „Сите наши тела“ (Или-Или, 2019).

Неговиот првенец „Природен роман“ (1999) е најпреведуваната бугарска книга по падот на комунистичката диктатира во 1989 година. Анимираниот филм според неговиот краток расказ „Слепата Вајша“ (2001) на доделувањето на Оскарите во 2017 година беше номиниран за најдобар краток филм. Англискиот превод на „Засолниште на времето“ во 2021 година ја доби реномираната италијанска литературна награда Премија Стрега.
Господинов беше гостин на фестивал на светска книжевност во Хрватска и за Глориа.хр даде интервју, кое ви го пренесуваме во целост.