Георг Георгиев: Македонија има проблем со Брисел, а не со Софија
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2025/02/Georg-Georgiev.jpg)
Бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев, изјави дека Македонија има проблем со Брисел, а не со Софија, спуштајќи ги на тој начин надежите (ако ги има) на македонската влада дека може да изнајде некаков договор со властите во Софија за излегување од ќор-сокакот.
„Францускиот предлог ќе биде строго следен. Нема билатерален проблем меѓу Софија и Скопје, туку меѓу Брисел и Северна Македонија“, рече Георгиев во изјава за БГНЕС.
„Бугарија останува исклучително доследна во својата политика кон Западен Балкан и европската интеграција на сите земји во регионот. Во 2022 година беше постигнат европски консензус (францускиот предлог), кој строго ќе се следи. Секоја земја мора да ги почитува критериумите, да се придржува до нив. Европското членство се заснова на сопствените заслуги“, рекол тој.
„За нас безбедноста и европската интеграција на Западен Балкан е исклучително важна. Ова е инвестиција во стабилноста на цела Европа и ние ја препознаваме како земја која го започна, го охрабри и катализираше овој процес во 2018 година. Ги знаеме и ги чуваме нашите национални интереси и интересите на целата Европска унија“, дополни Георгиев.