Генералниот директор на ТАВ Македонија, Алпер Ерсој, заминува на нова должност во Грузија


Генералниот директор на ТАВ Македонија Алпер Ерсој заминува од Македонија, потврди денес на заедничката прес конференција министерот за економија Крешник Бектеши.

Според информациите на Независен, Ерсој ќе замине на нова функција во Грузија. Неговото заминување беше познато од поодамна, но поради корона кризата беше одложувана реализацијата на оваа одлука на компанијата.

Неофицијално, на местото на Ерсој, ќе биде назначен Метин Батак, заменик-генерален директор за финансии и административни работи на ТАВ Македонија.

Инаку, повод за деншната средба на Бектеши и Ерсој беше пренамена на средствата кои беа предвидени за изгадбата на аеродромот во Штип, кои сега ќе се користат за други инфраструктурни објекти.