Генерал обвинет за тортура – нов шеф на Интерпол


Ахмед Насер ал-Раиси, против кого има кривични тужби за мачење, е избран за претседател на меѓународната полициска организација, Интерпол

Од аспект на критичарите, Ахмед Насер ал-Раиси од Обединетите Арапски Емирати е симбол за агресивен безбедносен апарат во кој луѓето, кои имаат критички ставови кон владата, самоволно се апсат и подложуваат на мачења. Во најмалку пет земји против него се поднесени тужби со обвиненија за вршење тортура, меѓу другото и во Франција, каде е седиштето на  Интерпол,  и во Турција. Според Заливскиот центар за човекови права, постојат недвосмислени докази за одговорноста на генералот за политика на тортура против противниците.

Линк до целиот текст на Дојче веле тука