Генчовска го обвини тимот на Петков дека водел своја политика за Македонија

Необична ситуација во бугарската влада, прашањето за Македонија стана повторно актуелно како што се зголемуваат разликите меѓу коалициските партнери


 

Министерката за надворешни работи на Бугарија го надворешнополитичкиот тим на премиерот Кирил Петков дека прави поделби во позицијата на Софија спрема прашањето на Македонија.

Теодора Генчовска пред новинарите изјави дека за различниот став околу Македонија биол виновен надворешно-политичкиот тим на Петков. Генчовска зборуваше во Собранието на затворена седница за овоја прашање по барање на барање на пратениците на ГЕРБ во врска со ставот на Бугарија за членството на Македонија во Европската унија и дека, наводно, Петков се договорил со Скопје да го укине ветото до крајот на летото. Генчовска денеска не прецизираше кои се разликите на оваа тема.

Таа рече дека и покрај амбициите да се реши проблемот до крајот на француското претседателство со Советот на ЕУ, премиерот не прецизирал никакви рокови и никаде не кажал дека Бугарија ќе го тргне ветото за Македонија. Како што јавуваат бугарските медиуми, Генчовска рекла дека во разговорите со нејзините колеги од Македонија стигнувале различни позиции од оние што ги усвоило собранието.

На чело на тимот што го советува премиерот Петков за надворешната политика е Весела чернева, искусен експерт, која е позната во европски рамки. Поорано беше портпарол на бугарското министерство за надворешни работи и е директор на софиското одделение на Европскиот совет за надворешна политика.

Дијалогот со Скопје се врати на агендата на бугарското општество по несогласувањата во владејачката коалиција во Софија за тоа кога и како да се тргне ветото за преговорите и тврдењата на лидерот Има таков народ, Слави Трифонов, дека премиерот подготвува таков потег, а Петков го демантираше тоа.

Генчовска уште изјави дека времето од јануари наваму било загубено за односите со Македонија. Таа мисли дека во овој период можело да се отвори македонскиот устав и во него да се вметнат Бугарите како официјално малцинство. Но, таа рече дека ова барање не е во условите што се во бугарската рамковна позиција за Македонија, „затоа е многу важно Националното собрание да даде јасен мандат за преговори доколку сите парламентарни сили сакаат да направиме барем нешто позитивно до крајот на француското претседателство“.

Всушност, барањето Бугарите да бидат вклучени во македонскиот устав пред да почнат преговорите со ЕУ го отвори претседателот Румен Радев кон крајот на минатата година, но тоа беше не беше напишано во позицијата по Консултативниот совет за национална безбедност.

Генчовска ги отфрли шпекулациите дека од неа била побарана оставка. Според неа, коалицијата не зборувала за такво нешто.

Пратениците присутни на затворената седница кратко го коментираа излагањето на Генчовска.

Копретседавачот на Демократска Бугарија, Христо Иванов, рече дека темата е премногу важна за да се организира „внатрешнокоалициски мамби“. Тој потсети дека без разлика дали и какви разговори се воделе и меѓу кого, како и дали некој има интерес темата да се претвори во политичка одмазда, постои рамковен став кој може да го смени само собранието. Сѐ друго се шпекулации, теории на заговор и обиди еден на друг да му се забива нож во грб“, додаде Иванов.

Потпретседателот на собранието, Мирослав Иванов, од „Продолжуваме со промената“ рече дека е изненаден од изјавата дека има разлики меѓу политиката што ја води премиерот Кирил Петков за Македонија и онаа на Министерството за надворешни работи. Според него, министерката мора да ги спроведе овие политики поставени од владата. (Н.В.)