ГДУ: Ова да бидат последни избори без попис

Граѓанско демократската унија (ГДУ) уште еднаш го изразува своето големо
разочарување од фактот што самонаречените “големи” партии повторно го
заобиколија пописот како исклучително важен процес пред одржување на
парламентарните избори.
-Ние ги уверуваме сите граѓани дека еден од приоритетите на новото Собрание, во кое ГДУ ќе има свои претставници, ќе биде неодложно одржување на попис. Ова мора да бидат последните избори на кои Македонија оди без попис на избирачкото тело – бидејќи сме единствената држава во регионот и пошироко, која веќе 18 години нема
спроведено попис, стои во реакцијата на оваа партија.