Гази Баба собира хаварисани возила – сопствениците казнети


Општина Гази Баба започна акција за подигнување на отпадните возила оставени на јавни површини, кои подолг период ги узурпираат тротоарите, улиците и паркинг местата во општината.
 
Акцијата ја спроведува Инспекторатот на Општина Гази Баба и ќе трае сè до целосно отстранување на сите возила за кои се води постапка согласно Законот за постапување со дополнителни текови на отпад, кој ги пропишува законските процедури за отстранување на ваков тип отпадни возила.
 
На сторителите им беа изречени соодветни прекршочни платни налози за непочитување на прописите.
 
Досега се подигнати 11 возила од населбата Автокоманда, а во наредниот период акцијата ќе продолжи и во останатите населени места на територијата на општината.