Газдата на „Зара“ ќе донира маски за доктори и заразени во Шпанија


Шпанија- Додека многумина од нас секој на свој начин презема мерки за стопирање на ширењето на корона вирусот, со тоа што ќе останат дома или ќе работат основни работи, главните модни компании исто така, за среќа, се поддршка. Претходно оваа недела, луксузниот конгломерат LVMH, кој е сопственик на Луј Витон, Диор, и Живанши,  објави дека неговите фабрики за парфеми и козметика ќе произведуваат средстства за дезинфекција на рацете кои ќе ги дистрибуираат до француските здравствени власти. Сега, матичната компанија на Зара, Индитекс, објави свој придонес во каузата.

Како што пренесува „Вог“, шпанската компанија Индитекс под чија капа се и брендовите Масимо Дути, Страдивариус, Бершка и Пол и Беар, на Амансио Ортега (83), еден од најбогатите луѓе на светот, се обврзала да донира маски за здравствени работници и пациенти со КОВИД-19 во Шпанија. Компанијата веќе донираше 10.000 маски и се надева дека ќе донира уште 300.000. Според „Вог“, изјавата на Индитекс се вели дека „ќе направиме испорака барем еднаш неделно на материјали што ги купуваме директно“. Покрај маските, Индитекс активно истражува и начини за производство на болнички наметки користејќи свои фабрики, пренесува Вог.