Газдарицата на фирмата што требаше да ја гради катната гаража кај Собранието владата ја постави во АЕК, тврди СДСМ
Опозициската СДСМ денеска на прес-конференција објави дека ВМРО-ДПМНЕ продолжува со партизацијата на институциите, овој па на Агенцијата за електроснки комуникации (АЕК).
„Сопственичката на фирмата што требаше да ја изгради спорната катна гаража кај Собранието, Анкица Трпковска, власта ја избра да биде член на Комисијата на АЕК со надоместок од 2.700 евра месечно.
Ухлебувањето на Трпковска е спорен од повеќе аспекти.
1.Прво, власта спроведува брутална партизација АЕК, која треба да биде независно тело, и вдомува лица со лични и партиски релации со функционерите од актуелната власт.
Трпковска сѐ уште се води како сопственичка на компанијата што требаше да ја гради спорната катна гаража а избрана е во период кога се подготвува закон со кој би требало да се обештети нејзината компанија. На нејзината фирма адвокат ѝ беше Панче Тошковски.
Дали ова не е конфликт на интерес само по себе?
2.Второ, власта го прекршува Законот за електронски комуникации.
Еве ја биографијата на Трпковска – навела дека пред неколку години завршила високо образование по јавна администрација и дека се стекнала и со магистер по правни науки. Што значи нема посебни познавања од областа на електронските комуникации, како што се бара во Законот за електронски комуникации“, рече К портпаролката Богданка Кузеска.
Таа ја обвини власта и Мицкоски дека едно ветувале пред изборите, друго правеле сега.
„Не само во АЕК, партизацијата со некомпетентни луѓе ДПМНЕ спроведува и во Агенцијата за разузнавање, во МВР, по министерствата, институциите, насекаде. Со партизација и ухлебување на блиски до власта Мицкоски и ДПМНЕ ги осакатува институциите. СДСМ бара повлекување на оваа одлука на Владата и мнозинството, а Државната комисија за спречување на корупција да отвори предмет по допрен глас“.
На ова тврдење реагираа од ВМРО-ДПМНЕ. Тие не ги демантираа наводите за именувањето на Трпковска, туку партијата соопшти дека „на партизацијата на државните институции потпис стави СДС. Не така одамна сите се сеќаваме на партиската турканица за во Агенцијата за електронски комуникации. Настана дури и кавга меѓу коалициските партнери СДС и ДУИ кој да го фати возот за членство во АЕК.
Место во АЕК во таа турканица си обезбеди другарот на докажаниот сдсмовец Стефан Богоев, Владимир Станивуковиќ“.
Заврши времето кога СДС аздисуваше насекаде, ВМРО-ДПМНЕ стана крај на штетните политики за државата.