Гатузо: Победата над Јувентус може да биде пресвртна точка


Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо, ги сподели своите очекувања за дербито против Јувентус во италијанскиот шампионат.

– Во Јувентус знаат како да реагираат на притисок и како да го задржат темпото. Тие се навистина силни, но имаме се што ни треба за да покажеме одлична игра. Добри перформанси во однос на тактиката, карактерот и желбата може да ни дозволат да донесам дома три поени. Ние можеме да го направиме тоа. Верувам дека позитивниот резултат може да биде вистинска пресвртна точка за тимот. Потребен ни е импулс да се вратиме во живот, рече Гатузо.

Јувентус води во Серија „А“ со 81 поен, додека Милан е на 4 место со 52 поени.